АГЕНДА
Меѓународна конференција „95 години геодетски премер и 75 години Геодетска управа“
Скопје, октомври.2022 година, хотел „Александар палас“


13.10.2022 год.

9:00 – 09:30   Регистрација на учесниците

 9:45 – 11:15  Поздравни обраќања на конференцијата „95 години геодетски премер и 75 години Геодетска управа“    
    – г. Фатмир Битиќи – заменик на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции;
    – г. Борис Тунџев – директор на Агенцијата за катастар на недвижности;
    – г. Жан Ив Пирлот, генерален директор на Европскиот совет на геодети – ЦЛГЕ;
    – г-ѓа Оливера Јордановиќ, виш специјалист за администрирање на земјиште, еден од лидерите на тимовите за задачи за земјишни проекти на Светска банка во регионот на Европа и Централна Азија;
    – г-ѓа Патрициа Сокачова, менаџер за членство и комуникации во Еурогеографикс (Европска асоцијација на национални организации за катастар, регистрација на земјиште и картографија);
    – г. Сашо Димитров, технички координатор, Јапонска агенција за меѓународна соработка – ЈИЦА;
    – г. Томаж Петек, генерален директор на Геодетската управа на Република Словенија и претседавач на Извршниот комитет на UN-GGIM за Европа (ЗУМ обраќање).

11:15 – 11:45 Групна фотографија и кафе-пауза

11:45 – 13:40 Сесија 1: Меѓународна соработка и донаторска поддршка
Модератор: г-ѓа Лидија Крстевска
, државен советник за координација на меѓународни и национални активности и стратешко планирање во АКН (5 минути)

11:50- 12:05 Меѓународна соработка на АКН, г-ѓа Лидија Крстевска, државен советник за координација на меѓународни и национални активности и стратешко планирање во АКН

12:05 – 12:20 20 години Норвешка поддршка на агенциите за катастар на земјите од Западен Балкан, г. Хелге Онсруд, претставник на Статенс Картверк (Statens Kartverk), Норвешка агенција за мапирање и катастар

12:20 – 12:35 15 години институционална соработка, г. Микел Лилје, раководител на меѓународниот оддел во Лантматериет (шведски катастар) – Шведска

12:35 – 12:50 Проекти за геопросторни информации во регионот на Западен Балкан од ЈИЦА, г. Каору Цуда, заменик-генерален директор, Одделение за меѓународен бизнис и развој на ПАСКО корпорацијата

12:50- 13:05 Прославување на соработката и пријателството помеѓу АКН и Кадастер: од размена на најдобри практики до споделување заеднички јазик, г-ѓа Паула Дијкстра, директор на Катастар Интернешнл – Одделение за управување и стратегии, Холандски катастар

13:05 – 13:20 Изградба на подобри градови кои се самостојно создадени. Минимизирање на поделбата на ефикасноста во администрацијата и управување со земјиштето, г-ѓа Криси Потциу, професор на Национален технички факултет во Атина и почесен претседател на ФИГ (Меѓународна федерација на геодети)
(преку ЗУМ)

13:20 – 13:40 Прашања и одговори

13:40 – 14:30 Пауза за ручек

14:30 – 16:20 Сесија 2Катастарот низ историјата и идни чекори – АКН научени лекции и предизвици
Модератор: г-ѓа Елеонора Стефановска
, државен советник за нормативно-правни работи од областа на катастарот на недвижности во АКН (5 минути)

14:35- 14:50 Агенција за катастар на недвижности на Република Северна Македонија – Пред и по реформите, Научени лекции, Бизнис-ориентација, г-ѓа Татјана Ценова-Митревска, државен советник за координација на меѓународни и национални активности и стратешко планирање во АКН, г. Зоранчо Муканов, државен советник за прашања од областа на катастарот на недвижности во АКН

14:50 – 15:05 Проектна соработка за дигитална демократија – модел и метод на соработка, г-ѓа Лидија Крстевска, проектен менаџер на проектот „Соработка за дигитална демократија“ од АКН, г-ѓа Џени Свеневал, проектен менаџер на проектот „Соработка за дигитална демократија“ од Лантматериат

15:05 – 15:20 Предлог за нова национална комбинирана геодетска мрежа на Република Северна Македонија, г. Клемен Медвед, раководител на сектор за националниот геодетски систем во Геодетска управа на Република Словенија, г. Санди Берк, Геодетска управа на Република Словенија, г. Сашо Димески, државен советник за гравиметрија и сателитска геодезија во АКН

15:20 – 15:35  НИПП – геопорталот на Република Северна Македонија – платформа за дистрибуција на мрежни услуги, г-ѓа Соња Димова, државен советник за геоматика во АКН

15:35 – 15:50 Есенцијално значење на податокот од катастар на недвижности како гаранција на правната сигурност,г-ѓа Елеонора Стефановска, државен советник за нормативно-правни работи од областа на катастарот на недвижности во АКН, г-ѓа Наташа Цветиќанин, советник за планирање и подготовка на податоци поврзани со јавни набавки во АКН, г-ѓа Ева Ивановска-Таушанова, помлад соработник за правно – катастар-ски работи за спроведување промени во катастарскиот операт во АКН

15:50 – 16:05 Влијанието на интегрираниот систем за електронски катастар врз ефикасноста на процесите поврзани со недвижностите, г-ѓа Светлана Димитриевска, раководител на Сектор за информатички и комуникациски технологии (ИКТ) во АКН

16:05 – 16:20 Сумирање на првиот работен ден на конференцијата  

 

14.10.2022 година

9:00 – 09:15 Регистрација на учесниците

9:15 – 9:20  Добредојде и отворање на вториот работен ден од конференцијата 

9:20 – 10:55 Сесија 3: Геодетското образование, геопросторните информации и нивната улога во процесите во современото општество
Модератор: проф. д-р Златко Богдановски
, вонреден професор на Градежен факултет, Катедра по геодезија (5 минути)

9:25 – 9:40 Докторски студии по геодезија – круна на македонскиот геодетски образовен процес, г. Златко Србиноски, редовен професор на Градежен факултет при УКИМ, Катедра по геодезија, г. Златко Богдановски, вонреден професор на Градежен факултет при УКИМ, Катедра по геодезија

9:40 – 9:55 Консолидација на земјоделско земјиште во Република Северна Македонија и резултати од првиот имплементиран проект, г. Ванчо Ѓорѓиев, редовен професор на Градежен факултет при УКИМ, Катедра по геодезија, г. Ѓорѓи Ѓорѓиев, вонреден професор на Градежен факултет при УКИМ, Катедра по геодезија, г-ѓа Наташа Малијанска, асистент на Градежен факултет при УКИМ, Катедра по геодезија

9:55 – 10:10 Географски имиња, г. Благоја Маркоски, редовен професор на ПМФ, Институт за географија при УКИМ

10:10 – 10:25 Aнализа на квалитетот на катастарските податоци за границите на земјишните парцели, г. Јакуп Фетаи, м-р по геодезија

10:25 – 10:40 Запишување на правата на недвижностите: клучен фактор за правната сигурност и владеење на правото, г. Ангел Ристов, редовен професор на Правниот факултет „Јустиниjан Први“ при УКИМ Скопје

10:40- 10:55 Современи геодинамички истражувања во сеизмички активни региони базирани на геодетски мерења, г. Филип Касаповски, докторанд на Градежен факултет при УКИМ, Катедра по геодезија, г. Златко Србиноски, редовен професор на Градежен факултет при УКИМ, Катедра по геодезија, г. Славејко Господинов, заменик-ректор на Универзитет за архитектура, градежништво и геодезија, Софија – Република Бугарија

10:55 – 11:30 Кафе-пауза

11:30 – 13:00 Сесија 4: Регистри и управување со процесите за дигитални геопросторни податоци Модератор: г-ѓа Соња Димова, државен советник за геоматика (5 минути)

11:35 – 11:50 Регистри во АКН, г. Стојче Галазовски, раководител на Сектор за геоматика во АКН 

11:50 – 12:05 Примена на ЛиДАР технологијата за креирање на прецизни дигитални висински модели, г-ѓа Фикрета Шаќировиќ, раководител на Одделение за картографија и фотограметрија во АКН, г-ѓа Добринка Цековска Здравковска, советник за прибирање на податоци по фотограметриска метода и картографска обработка на податоци во АКН

12:05 – 12:35 ГИС Дата, Имплементација на ГЕО- просторни решенија (ЛиДАР, НИПП, Адресен регистар), г. Лука Јовичиќ, проект менаџер во ГДи Скопје

12:35 – 13:00 Доделување на благодарници и затворање на коференцијата

13:00 – 14:30 Ручек